На инфлуенсер му забраниле влез во ресторан бидејќи премногу јадел – Во загуба сум, рекол сопственикот – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/21 11:11 PM

На инфлуенсер му забраниле влез во ресторан бидејќи премногу јадел – Во загуба сум, рекол сопственикот

Кинески инфлуенсер познат како господин Канг тврди дека му е забрането да влезе во скара-ресторан со шведска маса бидејќи наводно јаде премногу. Канг, инаку, стримува во живо додека јаде во ресторани, што е многу популарно во Кина.

Тој се пожали на медиумите дека му е забранет влезот во ресторан кој нуди морска храна и специјалитети на скара во градот Чангша по серијата прејадување. За време на првата посета изел дури 1,5 килограми свински копани, а вториот пат изел околу 4 килограми ракчиња. Тој ја нарече забраната за влез дискриминаторска кон луѓето кои можат да јадат многу.

– Можам да јадам многу. Дали е тоа маана? – се запрашал и додал дека не фрлал храна, пренесува Би-Би-Си.

Сопственикот на ресторанот за медиумите изјавил дека има загуби поради господинот Канг.

– Секогаш кога ќе дојде, губам неколку стотици јуани – се пожалил сопственикот и објаснил: – Секогаш кога ќе испие млеко од соја пие од 20 до 30 шишиња. Кога јаде свински нозе, го јаде целиот послужавник. А што се однесува до ракчињата, повеќето луѓе користат маша за да ги земат, но тој користи послужавник за да ги земе. Тој посочи и дека им забранува влез на сите кои планираат да бидат и да го стримуваат. Приказната предизвика голем јавен интерес на кинеските социјални мрежи и беше прегледана повеќе од 250 милиони пати на Веиб.

Некои сметаат дека ресторанот не може да се рекламира како ресторан „се што можеш да јадеш“ ако не може да си го дозволи тоа, додека други истакнуваат дека им е жал за сопственикот на ресторанот. Кинеските власти минатата година почнаа да се борат против инфлуенсерите кои објавуваат снимки од нивното јадење, па се верува дека таквите снимки наскоро би можеле да бидат забранети. Ова се случи откако претседателот Си Џинпинг ги повика луѓето да се борат против фрлањето на вишокот храна поради зголемените стравувања дека ќе има недостиг од истата.

Извор: Пинк.рс