Во касарната „Илинден” во Скопје денеска беа промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија, кои во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во кампот за обука „Пепелиште” на Армискиот полигон „Криволак”. Претходно, во два наврата беа промовирани 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи.
Бидете горди на својата Армија и на својата држава, како што и тие се горди на Вас, им порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Не заборавјте кои биле желбите и предизвиците со кои сте се соочувале како војници и искористете ги да бидете подобри лидери и подофицери. Вие и Армијата сте навистина доказ дека работата носи резултати, им честита Шекеринска.
На тројцата најдобро рангирани Сашко Иванов прворангиран, кој доби и монета, второрангираниот Александар Николовски и Влатко Николовски треторангиран, им беа доделени сертификати.
На денешната промоција на нови подофицери на Армијата, Шекеринска најави дека од идната година ќе бидат добиени и нови оклопни транспортери, артилерците ќе добијат ново артилериско вооружување, припадниците на противвоздушната одбрана ново ПВО оружје. За летачите од воздухопловниот винг, информриа Шекеринска, од 2024 година натаму ќе се започне нова набавка на хеликоптери.
МИА