ДЗС: Интернет користеле 99,5 отсто млади од 15 до 24 г., а ниту еднаш 32,9 отсто лица од 55 до 74 г. – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/21 12:38 PM

ДЗС: Интернет користеле 99,5 отсто млади од 15 до 24 г., а ниту еднаш 32,9 отсто лица од 55 до 74 г.

Во првото тримесечје од годинава, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), 83,7 отсто од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен, широкопојасен интернет, во вкупниот број домаќинства, e 87,1 отсто, а 79,7 отсто користеле мобилно интернет поврзување.

Во последните три месеци, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86,4 отсто, 80,5 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден, а 99,5 отсто од лицата на возраст од 15 до 24 години употребиле интернет услуги. Додека 46,3 отсто од лицата нарачале-купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.

Во период од последни три месеци, никогаш не употребиле интернет услуги 32,9 отсто од лицата на возраст меѓу 55-74 години, објави ДЗС.