Ким Кардашијан во врска со 13 години помлад комичар – Пит е првиот маж по разводот со Кање – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/21 9:59 AM

Ким Кардашијан во врска со 13 години помлад комичар – Пит е првиот маж по разводот со Кање

Ким Кардашијан (41) е повторно вљубена, по разводот со музичарот Кање Вест (44), а нејзиното ново момче е 13-години помладиот комичар Пит Дејвидсон.
По со недели пуштаните гласини дека се пар, папараците ги фатија како се држат за раце, а на фотографиите кои ги објави Дејли Мејл и двајцата се насмеани од уво до уво.

Двојката е фотографирана во близина на вилата на мајката на Ким, Крис во Калифорнија, каде што престојувале заедно, што оставило впечаток дека меѓу нив има нешто посериозно од површна романса.

Пит е првиот маж со кој Ким е во врска по разводот со Кање, со кој има четири деца. Тој, пак, наводно веќе имал кратка романса со манекенката Ирина Шајк, а гласините за неговата врска со 22 години помладата сензација на Инстаграм Винетриа се се погласни.
Новото момче на Ким, Пит, е познат како голем заводник и има значителен број славни бивши девојки. До неодамна, тој беше во врска со ѕвездата, Фиби Диенвор, но парот раскина затоа што не можеа често да се гледаат поради преполните распореди.

Пред Фиби беше свршен со пејачката Аријана Гранде, а клекна по само една недела врска. Свршувачката ја раскина во октомври 2018 година по неколку месеци бидејќи работите наводно оделе пребрзо за Аријана. Набргу по раскинувањето тој ја загрижи јавноста со својата порака на Инстаграм.

„Не сакам повеќе да бидам на оваа планета. Се трудам максимално да останам, но навистина не знам уште колку ќе издржам. Сè што отсекогаш сум се трудел е да им помагам на луѓето. Запомнете дека ви го кажав тоа“, напиша Пит, поради што се вклучи и полицијата.

Но, на Дејвидсон му беше тешко да го поднесе прекинот и подоцна ја избриша својата објава. Аријана му ја посвети песната “Thank U, Next” и содржи стих: „За малку ќе се венчавме, и многу сум му благодарна на Пит“.

Тој извесен период ја сакаше 20 години постарата актерка Кејт Бекинсејл, но по кусо време ја најде среќата со младата ѕвезда Каија Гербер, инаку ќерка на манекенката Синди Крафорд. Во неговите прегратки била и актерката Маргарет Квали, но сите девојки брзо ги менувал.

Тој пред еден месец гостуваше кај Ким во емисијата “Saturday Night Live” и се бакнаа, а не требаше многу време сите да почнат да шепотат дека тие се новиот пар на сцената, што сега се испостави дека е вистина.

Извор: dnevnik.hr