Стотици илјади пара чевли се појавија утрово на Римскиот плоштад во Подгорица – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/21 9:44 AM

Стотици илјади пара чевли се појавија утрово на Римскиот плоштад во Подгорица

Стотици илјади пара чевли и натписот 2.231 се појавија утрово пред зградите во кои се наоѓаат дел од министерствата во црногорската влада на Римскиот плоштад во Подгорица.

Оставени се и пораките „Оставка“ и „Доста е од вашите непрофесионални мерки“. Организаторите на овој перформанс ја нарекуваат  Министерката за здраство, Јелена Боровиќ Бојовиќ- Министерка на смртта.

Бројката се однесува на бројот на починати од коронавирус во Црна Гора од почетокот на епидемијата, а настапот беше организиран откако Владата одлучи да го забрани славењето на Нова година и другите манифестации и концерти на отворено, поради влошените епидемиолошки ситуација.

извор-b92.net