Просечната месечна нето-плата по вработен во Босна и Херцеговина за септември 2021 година изнесува 1.006 КМ (514 евра) и е номинално повисока за 4,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ.
Најниска плата имала во дејноста обезбедување сместување и подготвување и подготовка на храна – 625 КМ (319 евра), потоа во градежништвото 715 КМ (365 евра), а во административни и помошни услужни дејности 760 КМ (388 евра).
Во финансиските и осигурителните дејности, просечната нето плата во септември изнесува 1.623 КМ (830 евра), во производството и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1.529 КМ (околу 782 евра), додека во секторот информации и комуникации изнесуваше 1.449 КМ (741 евро).
Вработените во здравството и социјалната заштита во септември имале просечна нето плата од 1.353 KM (692 евра), а во образовниот сектор 1.031 KM (527 евра).
МИА
фото: radiosarajevo.ba