Полицијата во Лос Анџелес објави видео од инцидентот во кој беше убиен поранешниот кошаркар на Химки – Тајлер Ханикат.
На почетокот на јули, Ханикат беше убиен во размена на оган со полицијата, а во деновите по настанот деталите останаа нејасни.
Мајката на кошаркарот повикала полиција со намера да му помогне на нејзиниот син, кој се однесувал неконтролирано и дома држел оружје .
Видеото покажува дека Ханикат пука на претставниците на законот и покрај обидите на полицајците да го смират без инциденти.
Објавен е и повикот на мајката на кошаркарот кон 911, како и комуникација меѓу полициските службеници.
Подоцна беше утврдено дека спортистот бил под влијание на наркотици. Се претпоставува дека ќе биде потребно повеќе време за завршување на целата истрага. вз/ссм/19:22