Болки во градите, краток здив – Сѐ повеќе луѓе страдаат од синдромот на „скршено срце“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/21 3:16 PM

Болки во градите, краток здив – Сѐ повеќе луѓе страдаат од синдромот на „скршено срце“

Се’ повеќе луѓе живеат со синдромот на скршено срце, а таквото болно чувство доаѓа со тешка дијагноза – покажува нова студија објавена во Journal of American Heart Association. Студијата открила дека синдромот на скршено срце е во пораст и ова е единствениот документ кој ја покажува јасната врска за тоа како срцето и мозокот реагираат заедно при анксиозност или стрес. Ваквиот синдром може да се манифестира како срцев удар, предизвикувајќи болки во градите и краток здив по слабеење на срцевиот мускул.

„Вообичаено ова се случува по тежок емоционален или физички настан, како што е раскинувањето, сообраќајна незгода, па дури и роденденска забава како изненадување“, вели д-р Сузан Ченг, која го водела тимот.

Студијата открила дека мажите и жените подеднакво страдаат од синдромот на скршено срце во последните години, а најголем пораст се забележува кај жените од 50 до 74 години. Од 135.462 случаи на овој синдром кои се пријавени во САД од 2006 до 2017 година, 88,3 отсто се однесуваат на повозрасните жени.

Иако ретко, потешките случаи на синдромот на скршено срце може да доведат до смрт, а д-р Ченг вели дека луѓето кои го имале, биле на интензивна нега со денови или недели обидувајќи се да се опорават.

Таа додава дека и стресот може да го предизвика синдромот, бидејќи тоа претставува „шок за системот“. Ченг смета дека синдромот на скршено срце не е добро разбран. Додека податоците се исклучиво од пред пандемијата, постојат податоци по 2017 година, но според Ченг, потребни ќе бидат неколку денови сето тоа да се собере, организира и подготви за анализа.

 

Извор:  b92.net

Фото: Илустрација / DesignedbyFreepik