Во групата рестриктивни мерки, носењето маска се покажа како најефикасен начин за спречување на ширењето на коронавирусот – покажува студијата која вчера беше објавена во научното списание BMJ.
Во ова истражување, научниците ги анализирале досега објавените анализи за ефикасноста на поединечните мерки кои се применуваа од почетокот на пандемијата, закллучувајќи дека носењето маски ја намалува стапката на зараза за 53 отсто. Покрај тоа, овие мерки исто така го намалуваат бројот на смртни случаи од ковид-19 како и пренесувањето на вирусот.
Природниот експеримент во 200 држави покажа дека земјите во кои носењето маски било задолжително, имаат 45,7 отсто помала смртност поврзана со ковид-19, се наведува во истражувањето. Нешто помала ефикасност во намалувањето на стапката на заболени, имала физичката дистанца, 25 отсто.
Истражувачите исто така, наведуваат дека миењето на рацете ја намалува стапката на заболување за 53 отсто со тоа што овој процент е добиен врз основа на анализите во студиите во кои учествувале помалку испитаници. Во однос на останатите мерки кои се применуваат, истражувачите наведуваат дека според претходните студии, изолацијата, сведувањето на контактите на минимум, периодите на затворање на одредени дејности, довеле до значајно намалување на бројот на заразени и починати.
Сепак, тие забележуваат дека општото затворање не е одржливо и потребни се специфични мерки кои не го загрозуваат општествениот живот и економијата, а го штитат здравјето на граѓаните. Авторите на студијата истовремено предупредуваат дека додека не се постигеколективен имунитет, превентивните мерки и понатаму ќе бидат прв избор во спречувањето на ковид-19, особено онамлу каде што е мал процентот на вакцинирани. Во моментов, во повеќето европски земји е задолжително да се носи маска во затвор простор, а дури државите кои ова претходно го укинаа, сега се соочуваат со пораст на бројот на заболени.
Фото: danas.rs