Општина Брвеница ќе плати 165.000 евра за партерно уредување на дворот на општината и црквата. На договорот склучен на средината на септември со фирмата Транс рефет од Тетово, пред локалните избори потпис ставил претходниот градоначалник на општина Брвеница, Енвер Паразити.
Според тендерската докумнтација тетовската фирма треба да поплочува патеки од камен плочи, да набави и монтира дрвени шадрвани и дрвени корпи во двата двора, да го посипе со чакал и песок детското игралиште, да набави и засади зимзелени. Со лисопадни дрвца, садници, да напави зелен појас за лавиринт. Треба да се погрижи и да ја обложи со камен оградата на целиот црковен двор, да набави и монтиора метална ограда околу целиот црковен двор, да ги среди паркинг местата, армирање и бетонирање на амфитеатарот, да ја среди и фонтаната и друго.
Во договорот стои дека конечната цена ќе се утврди со конечна пресметка која ќе се врши по примопредавањето на извршените работи. А тие треба да завршат 60 дена од воведување во работа од страна на надзорот. Но сепак, рокот може да биде продолжен доколку двете страни се догворат така.
Изведувачот одговара ако се покажат недостатоци во изведбата во наредните десет години, а две години по приемот општината има гаранција за недостатоци кои би се појавиле околу земјиштето на кое се градело. А договорот не може да се раскине поради неисполнување на незначителен дел од обврските кои ги презела фирмата која го добила тендерот.
(А.С.)
фото: Facebook