Коцките на Тито се уште сведочат за запоставеноста на делницата „Борис Кидрич“, главниот крвоток на Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/21 3:49 PM

Коцките на Тито се уште сведочат за запоставеноста на делницата „Борис Кидрич“, главниот крвоток на Тетово

Најфрекфрентниот тротоар и улица во Тетово со децении се заборавени од градските власти. Собраќајницата „Борис Кидрич“ каде возачите, но и пешаците, мора да поминат за да стигнат до автобуската и железничката станица, основно училишта, спортскиот центар, како и единствениот парк во Тетово е во целосно руинирана состојба.

Коловозот е тесен и преполн со дупки, а тротоарот од кога е пуштен во употреба, според фотографиите, не е реконструиран со децении. Рунираните коцки од времето на Тито сведочат во каква состојба е овој тротоар. Дел од овие коцки ги нема, некаде е закрпен со други плочки, но од целосно обновување нема абер.

-Низ Македонија, но и низ повеќе балкански градови сум бил, ама ваков тротоар кој е на некој начин главен крвоток за пешаците, низ кој треба да поминеш за да стигнеш до значајни објекти и места, не сум видел.Тука не можеш нормално да се движиш, ниту сам, а со количка со деца е невозможно. Некогаш сме принудени да одиме по улицата, поради лошата инфраструктура на тротоарот. Кога врне е најлошо, тогаш под коцките има вода, па при секој чекор водата прска на сите страни, катастрофа, истакна еден жител на Тетово.

Се работи за делница која поврзува и две главни булевари во градот, булеварот „Благоја Тоска“ како и булеварот „Индустриска“. Претходната локална власт ветуваше дека планираат да извршат реконструкција на една од најфрекфрентните делници во градот, но точно време не прецизиира.Но,ветувањето не го исполнија, а мандатот им заврши.

Новата локална власт која го доби новиот мандат на чело со Биљал Касами, нема некоја конкретна најава за обнова на оваа значајна делница во градот, ниту во предизборната програма, ниту во програмата 100 дена Општина Тетово, која ја презентираше вчера првиот човек на Општина Биљал Касами.

Освен што не се реконструира,на оваа делница и не се одржува хигиената доволно, а самите фотографии говорат за ваквата состојба.

И додека се чека некоја најава за реконструкција на една од најоштетените делници во градот, во Тетово и започнатите проекти на некои сообраќајници новиот градоначалник Касами го сопре. Образложенето е дека имало пријави од граѓани за недостатоци при нивната изведба.

Инспекциите ги чешлаат документите, а било извршено и контрола на терен. Таму каде нема да бидат утврдени неправилности градежните работи ќе продолжат, а таму каде има пропусти, по остранувањето на истите, проектите ќе бидат целосно реализирани.

(З.Д.)