Државата има стабилни резерви на нафта, нафтени деривати и мазут за претстојнава зимска сезона и тие се доволни за 40,5 дена, изјави денеска министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, јави Танјуг.
„Ова министерство во изминатата година ги зголеми резервите за 45 отсто. Тоа значи дека во задолжителните резерви има резерви за 25,5 дена, во оперативните резерви има резерви за четири дена, што е вкупно 29,5 дена. Резервите на мазут во ЕПС, стоковните резерви и топланите изнесуваат 73.000 тони. „Кога ќе го соберете сето тоа, имаме резерви за 40,5 дена“, им рече таа на новинарите во српската влада.
Михајловиќ оцени дека државата обезбедила доволно количества нафта, нафтени деривати и мазут, така што ќе има доволно топлинска енергија, а со тоа и струја за оваа зима.
Таа додаде дека резервите на мазут се такви што ги имаме за цела зимска сезона.
Како што е наведено, Министерството преку Дирекцијата за енергетски резерви во последниот месец набавило доволно деривати и енергенси за претстојната зима и со тоа состојбата е стабилна.
Извор: Politika.rs