Штип и Македонија го славата пласманот на каратистот Емил Павлов во финалето на Светското првенство во Дубаи. Павлов извојува пет победи, а во полуфиналето славеше против Мартиал Тадиси од Унгарија. Резултатот беше 3-3, но Павлов оди понатаму затоа што прв освои поен. Павлов во сабота ќе се бори за светската титула против Французинот Стивен Дакоста.
Неговиот учител и до пред СП селектор на карате репрезентацијата, Сашко Арсовски, по пласманот во финалето реагираше:
„Успеавме! Ова ни беше целта! Бравос Емил“!
Емил е третиот штипјанец, односно Македонец што се бори за медал на светско првенство. Учителите на Емил се бореа за медал, од кои еден се закити со бронза. Прво Сашко Арсовски во 2004 година во Мексико во апсолутна категорија се бореше за бронза и загуби. На СП во Белград 2010 година, неговиот брат, исто така учител на Павлов, Жарко Арсовски го освои историскиот бронзен медал, тогаш како член на КК Макптерол.
Извор и фото: Ипон