Реакциите се секојдневни, но одговори засега нема. Во услови кога по одредени протоколи дадена им е можност за работа на термалните бањи во некои соседни земји, граѓаните прашуваат -Кога ќе биде отворена бањата Кежовица.
Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, се работи што е можно побргу бањата да биде достапна за граѓаните, се разбира доколку тоа го овозможува состојбата со бројките на заболени со короновирусот.
„Бањата поради Пандемијата времено е затворена повеќе од една година. Во консултација со кризниот штаб, веќе закажавме во наредниот период една координација за стручно мислење од надлежните лица. Во план сме до крајот на овој месец да направивме посебни протоколи, кои што ќе овозможат бањата Кежовица, по подолго време неработење да биде ставена во функција за граѓаните,“ изјави Јорданов.
Во меѓувреме, додаде, ќе се интервенира во реконструкција на бањата, колку тоа ќе го овозможат приликите и можностите.