Гламур, раскош и елеганција ја одбележаа нејзината венчавка.
Богатата наследничка се омажи за бизнисменот Картер Реум на 11 ноември, а на имотот на нејзиниот покоен дедо Барон Хилтон во Бел Ер била одржана раскошна свадбена церемонија. Парис Хилтон (40) на својот Инстаграм профил сподели слика од главната венчаница која е потпишана од луксузната модна куќа „Оскар де ла Рента“.
View this post on Instagram
Следните три раскошни венчаници ја воодушевија светската јавност со својата софистицираност, а фустанот за подиумот беше многу краток и откриваше извајани нозе и елегантни бели салонки.
View this post on Instagram
На венчавката присуствуваа бројни ѕвезди, како Еми Ловато, Ким Кардашијан, Рејчел Зои. На свеченоста била и ријалити ѕвездата и нејзината долгогодишна пријателка Никол Ричи, со која невестата воодушевено позирала.
View this post on Instagram
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Профимедиа