Чистач на црниот дроб: Еликсир од две состојки кој подмладува и ги отстранува токсините – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/21 3:23 PM

Чистач на црниот дроб: Еликсир од две состојки кој подмладува и ги отстранува токсините

За црниот дроб е познато дека ги отстранува штетните материи од телото, но неговата улога е уште поголема. Во него се складираат железо и одредени витамини, како и гликоза, која црниот дроб ја ослободува во крвотокот кога на телото му треба повеќе шеќер за енергија. Црниот дроб исто така ослободува инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма, а можеме да му помогнеме со еликсир од две состојки. Црниот дроб е орган кој служи за складирање на хранливите материи, а неутрализирање на штетните материи.  Но, денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи, поради што му е потребна секаква можна помош.

Овие материи во телото се собираат преку храната, козметиката, но и средствата за чистење. Како телото ви дава до знаење дека е полно со токсини? Симптомите се главоболки, замор, болки во зглобовите и подуеност. Дека во телото се насобрани отрови покажуваат и подочниците, но и тенот без сјај што автоматски прави да изгледаме постаро.  Еликсирот кој го прочистува не само црниот дроб, туку и целиот организам, прави да изгледаме поздраво, а содржи само две состојки: маслиново масло и лимонов сок.

Измешајте една лажица масло и една лажица лимонов сок и пијте го ова секое утро на празен стомак. И маслиновото масло и сокот од лимон се преполни со антиоксиданси кои ги отстрануваат вишокот слободни радикали, ги штитат здравите клетки од оштетување и ги неутрализираат токсините.

 

Извор:  zadovoljna.dnevnik.hr