Колку сме глупави? – Македонија е под светскиот просек на интелигенција – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/21 1:58 PM

Колку сме глупави? – Македонија е под светскиот просек на интелигенција

Честопати се шегуваме дека на глупавиот човек му е полесно затоа што знае дека е глупав. Од друга страна сакаме да се фалиме дека сме многу паметни и ако малку подобро размислите, ќе сфатите дека никој никогаш во животот не ви се пожалил дека е глупав. Можеби плачеме поради вишок килограми, крив нос, малку пари, но никогаш поради недостаток на интелигенција.

Според студијата која во 2019 година ја спроведоа Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисок коефициент на интелигенција (IQ) имаат Јапонците со просек од 16,49.

На листата на топ 10 држави во кои живее најпаметниот народ се Тајван (106,47),  Сингапур (105,89), Хонг Конг (105,37), Кина (104,10), Јужна Кореја 102,35), Белорусија (101,60), Финска (101, 20), Лихтенштајн (101,07), а десеттото место го делат Холандија и Германија со просечен Ај-Кју од 100,74.

Просечниот коефициент во светот според оваа студија е 98,16 што нас граѓаните од Македонија не прави подпросечно паметни или меѓу поглупавите земји затоа што просечниот коефициент на интелигенција ни е 81,91. Ние сме 108-ма земја во светот според интелигенцијата и во регионот сме повеќе паметни единствено од Албанија која има коефициент 81,75.

Ние сме помалку паметни од Босна и Херцеговина која има 88,54 коефициент, од Хрватска (95,75,) од Бугарија (90,99), Црна Гора (85,78), Романија (86,88), Грција (90.77) и Србија (98,16). Од нашите соседи Бугарија е на 54. Место, Грција е 55-та, Србија е 59-та, додека Албанија е зад нас на 109-то место. Во регионот Хрватска е Унгарија на 18-то место, Словенија е 23-та, а Хрватска е на 37. Место.

Според интерактивната мапа направена на основа на податоците од оваа студија, најнискиот просечен коефициент на интелигенција е на африканскиот континент кој е обележан со виолетова боја.

Извор: worldpopulationreview.com

Фото: