„Комерцијален текст“
Електричната револуција за професионалците започна: брендот PEUGEOT сега нуди гама од 100% електрични комерцијални возила. Електричните комерцијални возила на PEUGEOT задржуваат 100% од функционалноста на конвенционалните дизел верзии, но генерираат нула бучава, нула вибрации, нула емисии и нула мирис на гориво. Ова е доволно за радикално да се промени животот на корисниците и нивната околина.
Со оваа комплетна палета од 100% електрични комерцијални возила, еден од првите на пазарот, PEUGEOT се стреми да биде лидер во продажбата на целосно електрични комерцијални возила во Европа до 2022 година.
Целта е да се понуди ново ниво на спокојство на професионалците и да се намалат традиционалните форми на загадување, во време кога актуелните општествени трендови бараат сè повеќе и повеќе комерцијални возила во урбаните средини.
PEUGEOT ќе испорача 4.000 електрични возила во Европа до 2021 година, а веќе има резервирани нарачки од 10.000 возила.
За дополнително да ја подигне свеста за својата електрична понуда и нејзините придобивки кај професионалците, PEUGEOT наскоро ќе ја претстави новата посветена рекламна кампања низ целиот континент, која ќе биде лансирана во ноември.
100% електрични возила: целата гама на PEUGEOT на комерцијални возила сега стана електрична, со пристигнувањето на комерцијалното возило e-PARTNER и големото електрично комерцијално возило e-BOXER оваа есен. Тие се придружуваат на комерцијалното возило e-EXPERT лансирано минатата година и наградено со наградата „Интернационално комерцијално возило за 2021“.
Уникатна карактеристика на сите електрични комерцијални возила на PEUGEOT е тоа што тие не прават компромиси во однос на корисен волумен или практичност во споредба со дизел верзиите, а истовремено ги нудат сите предности на електричниот мотор: пониски трошоци, леснотија на возење, брз пренос, висок вртежен момент, целосно отсуство на бучава, вибрации, мириси на гориво и емисии. Експертите му ја доделија титулата комерцијално возило на годината на сосема новиот PEUGEOT e-PARTNER во Велика Британија откако WhatCar и Van & Commercial Vehicle of the Year Award ги наградија трите возила на брендот, PARTNER, EXPERT и BOXER, за нивната практичност во нивните соодветни категории.
Покрај овие 100% електрични возила, PEUGEOT ќе започне и со производство на своето прво електрично комерцијално возило со горивни ќелии, e-EXPERT HYDROGEN, пред крајот на годината. Со ова, брендот ќе ја прошири својата понуда на најнапредните технологии за електрификација. „Најавивме и ја исполнивме обврската за палета на 100% целосно електрифицирани комерцијални возила возила до крајот на 2021 година, што Stellantis е првиот што го направи тоа. За да одговориме на другите потреби на клиентите, ќе понудиме „водородна горивна ќелија“ на нашето комерцијално возило во наредните недели, што ја покажува нашата постојана посветеност на иновациите“, нагласува Xavier PEUGEOT, извршен директор на деловната единица на комерцијални возила на Групацијата Stellantis.
Во следните недели, PEUGEOT ќе започне голема меѓународна комуникациска кампања во чест на претприемачите и занаетчиите. Тие ќе бидат прикажани во мини филм, кој ги претставува во еден среќен и спокоен работен ден, пропратен со трите електрични комерцијални возила на PEUGEOT со нула емисија: e-PARTNER, e-EXPERT и e-BOXER. Меѓународната кампања ќе го носи новиот потпис “For the Day Ahead” на кампањата за комерцијални возила на Peugeot Professional и ќе се базира на видео,
кое ги прикажува логоата на компаниите на корисниците на електрични комерцијални возила на PEUGEOT во градскиот реон. Кампањата ќе биде придружена со дигитално рекламирање, како и печатени материјали, а првично ќе биде лансирана во Швајцарија, Холандија и Обединетото Кралство.
Linda JACKSON, извршен директор на брендот PEUGEOT, изјави: „PEUGEOT е посветен да биде водечки играч во промената и трансформацијата на деловниот сектор со целосно електричните комерцијални возила. Очигледно, трошоците за користење се многу силен аргумент за корисниците, но ние исто така покажуваме дека електричните комерцијални возила се задоволство за возење: за нивниот возач, кој е отворен за ново, спокојно возачко искуство, и за сите околу нив, кои имаат корист од мирна средина, без бучава и мирис на гориво“.