Срцев удар е причина за смртта на хрватскиот планинар, Петар Пенга кој почина на Кораб – соопшти денеска Планинарското еколошко друштво „Аргентус моунт“ од Тетово кое ја организирало планинарската акција на Голем Кораб. Од Планинарското еколошко друштво „Аргентус моунт“ од Тетово велат дека вчера околу 17:20 ч при спуштање од Кораб кај местото викано Кобилино поле планинарот Петар Пенга, претседател на Хрватското планинарско друштво „Малача” изненадно при движењето во колоната паднал. Веднаш од присутните планинари му била укажана прва помош со цел одржување во живот.
Планинарскиот водич од ПЕД„Аргентус моунт” телефонски го запознал Секретарот на друштвото, кој започнал организирање и координирање на спасувачката акција.
-Во 17:23 ч телефонски е известена Граничната полиција во село Жировница, која во договор со претпоставените организираше и упати екипа со теренско возило кон местото на настанот, на кои им беше организирана координација со водичот од лице место. Десетина минути подоцна е известен Републичкиот центарот за управување со Кризи,а по нивна препорака во 17:44 ч воспоставен е контакт со Регионалниот центар Гостивар со молба за хелихоптерска интервенција. Во 17:50 ч е воспоставен контакт и со Потпретседалот на ФПСМ и Помошник Министер на МВР Живко Темелковски со молба за хелихоптерска интервенција.По ова со целосна организација од Темелковски во најможно време е подготвена екипа и испратен хелиохоптер за спасување, кој со обезбедените координати од лице место, од планинарите и водичот од ПЕД”Аргентус моунт”-Тетово околу 19 ч успешно е лоцирана групата.Преземен е повредениот планинар и префрлен во државната болница „8 Септември” Скопје каде според првичните информации починал од силен срцев удар – велат од ПЕД „Аргентус моунт” Тетово.
Оттаму изразуваат големо жалење за несреќниот настан и сочувство до семејството Пенга, до ХПД @Малача” и Хрватскиот планинарски сојуз..
Инаку вчера 30-тина планинари од ХПД”Малачка” од Долни Каштела Р.Хрватска и ПД”Погорелица” од Кисељак од БиХ, со свои планинарски водичи предводени од лиценциран планинарски водич од ПЕД “Аргентус моунт” Тетово реализираше искачување на врвот Голем Кораб.
Зоран Димовски