(Видео) Витаминска бомба: Вкусно и здраво – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/21 8:31 AM

(Видео) Витаминска бомба: Вкусно и здраво

Веќе сите знаеме колку се важни овошјето и зеленчукот за нашиот организам и неговото здравје, особено во овие студени денови. Ниеден ден не смее да помине без вакви производи. Особено зеленчукот, кој треба да биде задолжиелен составен дел на секој оброк.  Експертите го препорачуваат зеленчукот, бидејќи е полн со витамини и минерали. Ви препорачуваме салата, која со право ја нарекле витаминска бомба, бидејќи содржи се што му е потребно на организмот.
Потребно е: 3 компири, 1/2 главица мала зелка, 3-4 кисели краставички, 150-200 грама кисела павлака, 3 лажици сечкани маслинки, 3 чешниња лук, јаболков оцет, 1 мала репка, 50 милилитри маслиново масло, сол, бибер.
Подготовка: Сварете ги компирите и исечете ја зелката на резанци. Компирот излупете го и исечете го на коцки, па додадете сол и бибер. Врз зелката изрендајте го цвеклото, маслинките исецкајте ги на коцки и додадете ги, потоа посолете, ставете го оцетот и закиселете по желба. Во сад ставете павлака, лук и масло и измешајте, па прелијте ги компирите и измешајте. Додадете ја зелката и сè убаво измешајте и салатата е готова.