Три празници во едно празнување се споени во „Каменичкото културно лето“, кое оваа година почнува на 26-ти август, во недела, а ќе заврши во понеделник, 28-ми, со одбележувањето на Денот на рударите.
Културно-информативен центар „Романса“ и општина Македонска Каменица и оваа година, јубилејно по десетти пат, традиционално ќе ја организираат манифестацијата
во чии рамки во музичкиот дел ќе настапат познати домашни и странски музички изведувачи.
– Македонска Каменица е целосно подготвена да го најави најголемиот културен настан во регионот „Каменичко културно лето 2018“ на коj учество ќе земат бројни македонски и балкански музички sвезди. На сцената од „Каменичкото културно лето 2018“ како наша најзначајна етаблирана културна манифестација во годината, покрај звучните балкански естрадни имиња: Ален Исламовиќ, музичката група С.А.Р.С. и Јелена Розга како најголема звезда од главната вечер на манифестацијата, свое учество ќе земат и домашните изведувачи Тамара Тодевска, Слаткар, Елена Велевска и неколку фолколорни ансамбли, изјави градоначалничката Соња Стаменкова. При тоа, Стаменкова ги повика сите љубители на добрата забава и целата македонска јавност да бидат гости на манифестацијата „Каменичкото културно лето 2018“ и заедно да ја проследат богатата културно-уметничка програма.
– Културната манифестација Каменичко културно лето, традиционално секоја година се оддржува во периодот од 26-ти до 28-ми август и во себе ги сплотува
Објавено на: 08/23/18 2:40 PM