Опра Винфри на својот Твитер профил објави исечок од претходно снимениот концерт на Адел по повод интервјуто кое пејачката и го даде на познатата водителка.
На концертот покрај Опра присуствуваа и Лизо, Мелиса Мекарти, Џејмс Корден и Гордон Ремзи. Водителката застана до Лизо и пееше. Но, нејзините следбеници забележале дека Опра навистина не ги знаела стиховите од песната „Hello“, која Адел ја изведувала во тоа време.
When the song is good but you dont know the lyrics.
We’ve been there. Many times. We feel you. 😅❤️#Adele #Adele30 #AdeleOneNightOnly https://t.co/JOyAACg0O8
— Себастьян ³⁰ 🥦 (@itsyourpaulo) November 15, 2021
Корисниците на Твитер набрзо почнаа да се шегуваат на сметка на пеењето на водителката. Тие коментираа дека Лизо „апсолутно убила“, додека Винфри не успеала баш.
„Кога песната е добра и не го знаеш текстот. Ние сочувствуваме со тебе“, „Опра е жена која ќе продолжи да пее иако не ги знае зборовите“, „Опра е тука за сите нас кои половина го знаат текстот и сè уште пеат.“ „На Опра навистина не и е грижа за текстот на песната“, се само дел од коментарите. Видеото досега го погледнале повеќе од половина милион луѓе.
Извор: Индекс.хр