Лепа Брена не ми е свекрва – Пријовиќ стави крај на озборувањата за семејните односи – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/21 5:55 PM

Лепа Брена не ми е свекрва – Пријовиќ стави крај на озборувањата за семејните односи

Александра Пријовиќ и Лепа Брена отсекогаш имале прекрасна врска, но во последно време некои изјави на младата Живојиновиќ ја натераа јавноста да помисли дека нешто се случува меѓу нив.

На Александра, која важи за една од најуспешните пејачки на нашите простори, не и е грижа кога нејзиниот успех постојано им се припишува на Брена и Филип.

„Мојот брак е многу поголем проблем за моите колеги отколку мојата кариера. Мислам дека сите успеси би можеле да ми простат и да минат преку нив, но бидејќи се омажив за него, тоа не е така. Понекогаш испаѓа дека без Филип и Брена немаше да успеам. Акцентот е секогаш на него, без разлика што сама ги финансирам сите песни и спотови“, изјави Александра Пријовиќ.

Таа тогаш решила да разјасни некои работи, па открила дека нејзината свекрва не е Лепа Брена.

Морам пред се да кажам дека мојата свекрва не е Лепа Брена, туку мајката на Филип, Зорица“, изјави Александра за „IDJTV“, а потоа додаде:

Брена е прекрасна жена која се грижи за семејството и е многу добар човек“, заклучи Александра и истакна дека има прекрасен однос со Брена и Боба.

Извор: Мондо.рс