Скопјанец ја киднапирал поранешната девојка и ја силувал – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/21 4:45 PM

Скопјанец ја киднапирал поранешната девојка и ја силувал

Вчера околу 22.00 часот во СВР Скопје, 17-годишна малолетничка од Скопје пријавила дека на 21.09.2021 противправно била лишена од слобода од Џ.А., со кого претходно била во љубовна врска.

Како што е пријавено, во неговиот дом тој во повеќе наврати физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.