Антикорупциска да каже дали директорите на Библиотеката и ЦСР можат да бидат и советници – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/21 6:00 PM

Антикорупциска да каже дали директорите на Библиотеката и ЦСР можат да бидат и советници

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов, денеска од советничката говорница побара службите на Општина Штип да побараат мислење од Државната комисија за спечување на корупцијата (ДКСК) за статусот на двајца советници од опозициската коалиција на СДСМ. Иванов сака да расчисти Антикорупциска дали овие двајца советници кои се и директори имаат наспоивост со функцијата и покрај директорската може да ги застапуваат интересите на граѓаните во Советот на Општина Штип. Се работи за Златка Иванова, директор на Центарот за социјални работи и  Зоран Костовски, кој е директор на НУ Библиотека „Гоце Делчев“, и двајцата како што рече координаторот Иванов, раководители на институции директно именувани од министерства.

Советничката група на СДСМ е во опозиција со девет советници. Иако имаат добиено уверение од Општинската изборна комисија (ОИК), немаат дадено изјава, бидејќи во документот што треба да го потпишат, не е внесено уставното име на државата.