Македонската одбојкарка селекција беше поразена со 3-2 од Швајцарија во Група F од квалификациите за Европското во 2019 година. Според очекувањата, Швајцарија требаше да биде аутсајдер во оваа група, но таа успеа да ја совлада Македонија иако го изгуби првиот сет. Нашата репрезентација по победата на првиот натпревар против Унгарија во Будимпешта претрпе два последователни порази што ја оддалечија од амбициите за пласма на Европското Првенство. Во групата, по три кола со 8 поени води Украина, Македонија има 4 бода, додека Швајцарија и Унгарија по три. Следниот натпревар Македонија го игра во Швајцарија.
Објавено на: 08/23/18 1:26 PM