По четири дена од потрагата по пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, тој утрово се појави во Собрание, па на средбата со новинарите рече:
-Пред да ги изнесам своите видувања и ставови за случувањата изминатите дена, им честитам на сите граѓани што земјата што уште еднаш ја одбра вистинскиот пат, заедно со нашите сојузници. Мирен сум со чиста совест и сметам дека нема поголема вредност од тоа својата земја да ја носш на патот на заедништвото, патот на НАТО и ЕУ и за да нема какво било сомнежи. За да нема трачеви и спинови јас, сојузник на сите кои имаат поглед напред во интерс на мојата земјаи народот самоволно и одлуично се засолнив на денот на гласањето на недоверба на владата, со цел да не дозволам земјата да не отиде во правец, кој е спротивен од моите убедувања и стратешка насока која ни ја дале граѓаните, рече тој и додаде:
-Секако не е лесно да имаш суштински разлики со своите сопартијци, но кога твоите сојузнуици од Вашингтон и Брисел ти велат дека С. Македонија има неповторлива шанса да ја почне својата европска приказна, тогаш и срцето и умот ти велат: „Да, Кастриот, некој мора да биде тој што ќе пресече во корист на иднината, овој пат тоа си ти“. Се надевам дека во наредните денови разумот ќе надвладее. Верувам дека се можни мостови меѓу нас и јас ќе се обидам да бидам еден од тие мостови. Не нови избори, не нов застој, не нови поделби, туку стабилно мнозинство и многу, многу работа, давање максимум за подобра иднина, рече тој во своето излагање.
На новинарско прашање зошто имаше потреба од ова, односно зошто едноставно тогаш не излезе на прес и не го кажа ова, туку мораше да се засолни и дали е точно дека побарал лично обезбедување тој рече:
-Прво мислев да дојдам на седница, да земам збор и да гласам против. Но, проценувајки ја состојбата се знеше дека нема да присуствуваат пратеници од мнозинството. ќе требаше да бидам единствениот кој требаше да гласа против една еуфорија, која се одвиваше како филмска лента јас не бев сигурен дека немаше да бидам цел на напад, вербален и физички и не сме скандинавска земја и демократија во која со устав се гарантира правото да гласа според своите убедувања.Што се однесува до заканите јас не кажав ни на најблиските, дури и на семејството, и на целата јавност, која оправдано била загрижена, но додека ми бил исклучен телефотнот сум добивал закани и се пријавени во полиција, а имам полициско обезбедување поради проценка на ситуацијата, не на мое барање. Пораките се пријавени, не можам да кажам од кого со име и презиме, ова е процедура и не сакам да го прекршувам процесот, зборувам за пораки со закани по живот, рече тој.
Реџепи одговори и затоа зошто, кога веќе не сакал да гласа, ја потпишал иницијативата.
-Јас потпишав веднаш по локалните избори, кога Заев поднесе оставка и кога Владата немаше кормилар и не се знаеше кој ќе биде наследник. Кога Зев ја одложи оставката, кога не се прегласуваше во Желино, јас не можев со моја рака да пресудам во процесот на датумот за преговори. Зошто не можеме да се стрпиме до 15 декември, зошто мора денес. Да дадеме шанса и не го разборам инсистирањето дека толку брзо треба да се одвиваат работите, а и самите сте свесни дека и од другите опозициски партии почнале да се прашуваат дека едно потпишале, а потоа се барало друго од нив. Јас сум пратеник потпретседател на Движењето Беса и потпретседател и се додека не се промени мојот статус ќе делувам така, а во однос на стабилното мнозинство тој додаде:
– Морам да го кажам мојот став, инаку за бројките на мнозинството е одговорен менаџер е премиерот Зоран Заев. Во комуникација со премиерот сум бил и претходно како функционер на Беса. Во моментов сме во коалиција со СДСМ и ДУИ. Беса не е излезена од Владата, тоа треба да биде одлука на Централното претседателство, не на поединци.