МЗ: Ревакцинирани се 47 отсто од полнолетните граѓани, 54.170 примиле трета доза – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/21 10:47 AM

МЗ: Ревакцинирани се 47 отсто од полнолетните граѓани, 54.170 примиле трета доза

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.133 како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од лицата над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.