ГЕРБ на Бојко Борисов води, но нема мнозинство во парламентот, а претседател на Бугарија ќе се бира во вториот круг – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/21 9:05 PM

ГЕРБ на Бојко Борисов води, но нема мнозинство во парламентот, а претседател на Бугарија ќе се бира во вториот круг

ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата „Промената продолжува„ на министрите од преодната влада Кирил Петков и Асен Василев водат мртва трка за првото место на парламентарните избори кои се одржуваат по третпат и се поизвесно е дека и овојпат ниту една партија нема да има мнозинство.

ГЕРБ води со 24,8 отсто освоени гласови, а зад него веднаш е коалицијата „Промената продолжува“ со 24,1 отсто. Третото место е за БСП со  13,7 отсто од гласовите, а на четвртата позиција е за ДСП. Тие уживаат поддршка од 10,7% од оние кои излегле на гласање.

Движењето на „Има таков народ“ на Слави Трифонов загуби значаен дел од поддршката што ја доведе до првото место на изборите во јули. За нив денеска гласале 9,9 отсто од гласачите.

Шестата партија во новиот парламент треба да биде Демократска Бугарија со 7,8 отсто од гласовите. Последната партија што го преминува прагот за влез во парламентот е „Преродба“. „Под линијата“ од 4% останува „Стани БГ! Доаѓаме“ (2,2%). По неа следи ВМРО со 1,2 отсто од гласовите.

Паралелно со парламентарните се одржуваат и претседателските избори на кои ниту еден од кандидатите не успеа да го добие мнозинството. Во вториот круг ќе се соочат актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев и противкандидатот Анастас Герџиков. Радев освоил 49,3% од гласовите, а Герџиков освои 25%.

извор: offnews.bg

фото: Facebook/BoykoBorisov