Во соблекувалната нема Албанец или Македонец, сите играме за еден дрес, капитенот Стефан Ристовски откри како ги мотивирал соиграчите – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/21 8:46 PM

Во соблекувалната нема Албанец или Македонец, сите играме за еден дрес, капитенот Стефан Ристовски откри како ги мотивирал соиграчите

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој лентата ја наследи од легендарниот Горан Пандев и со тоа таа доби на уште поголема тежина, на прес-конференцијата после мечот со Исланд кој го добивме со 3-1 ја откри атмосферата во соблекувалната и мотивацискиот говор со кој ги бодрел соиграчите.

– Благодарност до играчите за овој успех. Дојдов со вас да ги споделам овие моменти. Имаше голем притисок затоа што не сме навикнати да играме вакви натпревари за влез на Европско, за бараж на Светско. На играчите им реков дека сакам да одиме напред и да напредуваме, сакам да ја израдуваме публиката и да заборавиме на притисокот. Квалитетот излезе на површина затоа што имаме играчи кои играат во силни лиги и тоа ја направи разликата. Македонија е загушена во разни работи и мило ми е што народот го израдувавме. Оваа соблекувална не познава црн или бел, Албанец или Македонец, има еден дрес и сите играме за него. Македонија заслужено влезе во баражот – истакна Ристовски кој ја носел лентата на Горан Пандев која легендарниот играч на носеше на последниот натпревар со Холандија кога се прости од репрезентативниот дрес и таа и донесе среќа на Македонија.

фото: Фејсбук