Во Софија жена го изела гласачкото ливче оти не и дале да гласа по вторпат – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/21 7:11 PM

Во Софија жена го изела гласачкото ливче оти не и дале да гласа по вторпат

Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Од Комисијата објаснија дека избирачката сакала да гласа по вторпат и откако и објасниле дека тоа не е возможно, таа го земала гласачкото ливче и почнала да бега надолу по скалите. Членови на комисијата ја бркале од третиот до првиот кат и кога ја стигнале, жената го смачкала ливчето и го голтнала.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

– Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

Извор: Nova.bg/МИА

фото: Facebook/BoykoBorisov