Кертис Батлер, бебето кое се роди со само 420 грама и преживеа, држи рекорд во Гинис – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/21 1:18 PM

Кертис Батлер, бебето кое се роди со само 420 грама и преживеа, држи рекорд во Гинис

Момче од Бирмингем, Алабама (САД), родено во 21 недела и тешко помалку од половина килограм влезе во Гинисовата книга на рекоди, како најрано роденото бебе во светот кое преживеало.

Траењето на бременоста е 40 седмици, што значи дека момчето дошло на свет 19 недели порано. Мајката Мишел Батлер стигнала во болница доцна навечер, а веќе следниот ден ги родила близнаците Кертис и ЦАасју, момче и девојче. ЦАсју, за жал, починала еден ден подоцна. И за Кертис прогнозите не биле најдобри. Тој се родил со само 420 грама тежина. Докторите му дале 1 процент шанса за опстанок. Но, тој сепак победи. Кертис бил на респиратор три месеци и бил пуштен од болница по 275 дена поминати на интензивна нега. Кертис сега има 16 месеци.
„Засекогаш ќе го паметам денот кога конечно го донесов Кертис дома“, изјави за Би-Би-Си Мишел, мајката на уште четири деца.
На малото момче се уште му треба дополнителен кислород и цевка за хранење, но лекарите велат дека е во добра здравствена состојба.
„Ова го правам скоро 20 години, но никогаш не сум видел вакво бебе толку силно како него. Имаше нешто посебно во Кертис“, рече д-р Брајан Симс од Универзитетот во Алабама во Бирмингем за Гинисовата книга на рекорди.
Пред малиот Кертис, рекордот на Гинис го држеше Ричард Хачинсон од Висконсин.

Извор: 24sata.hr

Фото: ББС