Се појави јато фламинга во Охридското Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/21 11:58 AM

Се појави јато фламинга во Охридското Езеро

Помало јато фламинга деновиве повторно е забележано во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Елегантните розови птици прв пат на охридскиот брег беа видени во 2014 година. Орнитолозите тогаш информираат дека е единствена глетка за Охрид, бидејќи фламингата вообичаено се населуваат на Преспанското Езеро.

Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Не се забележани појави на нивно гнездење во овие краеви. Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, но тоа се ретки појави како и ова нивно присуство на Охридското Езеро. Фламингата населуваат мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни.

 

МИА