Американската пејачка Мараја Кери ја објави новата божиќна песна наречена „Fall in Love at Christmas“.
Мараја во текот на својата повеќедецениска кариера има снимено голем број хитови, но последниве години е најпозната по изведувањето на божиќните песни.
На социјалните мрежи одамна кружи шега дека пејачката на сцената се појавила само во текот на една сезона – празниците, а нејзината песна „All I Want For Christmas Is You“ од 1994 година е песна која не се прескокнува кога почнуваат празниците.
Таа сега објави нова песна наречена „Заљуби се на Божиќ“ која сигурно ќе ги воодушеви нејзините бројни обожаватели, но и сите љубители на празничната атмосфера.
Слушнете како звучи оваа соработка со Калид и Кирк Френклин:
Извор: Нова.рс