Дончев: Не пристигна понуда од болницата во Германија за лечење на малата Ева – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 12:31 PM

Дончев: Не пристигна понуда од болницата во Германија за лечење на малата Ева

 Вкупно три понуди за лекување во странски болници добил Фондот за здравствено осигурување на РМ во случаотј со лекување за малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. До Фондот не стигнала ниту една понуда од болница од Германија, изјави на денешната прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев, демантирајќи ги пишувањата во медиумите дека била одбиена понуда од германска болница во износ од 200 илјади евра за лекување на пациентката.

Појаснувајќи ги техничките детали околу постапката за можното лекување во странство кое, како што посочи, за жал не се случи, Дончев подвлече дека биле запазени сите законски процедури и рокови штом било добиено конзилијарното миселење од клиниката каде се лекувало девојчето на која не можело да продолжи лекувањето од кои било причини.

– Барањето за лекување во странство на Ева до Фондот пристигнало на 25 јуни 2018. Стручната служба во Фондот побара понуди за прифаќање и лекување на пациентката при што биле добиени три понуди со прецизни профактури за цената на чинење, две од турски болници и една од болница во Италија. ФЗОМ уште при првичното барање на Фондот побара понуда од германската болница Гисен, но не доби никаков одговор. Имајќи предвид дека пациентот беше во животно загрозувачка состојба, според законот ФЗОМ е обврзан да донесе одлука за лекување во странство во рок од 48 часа. Во рамките на тој законски рок стручната комисија на Фондот од еминентни лекари на скопските клиники се произнесе позитивно по добиените понуди за лекување при  што е избрана болница во Турција. Решението за лекување во странство е доствено до барателот на 28 јуни 2018 година за спроведување на хемотерапија и алогена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. Ние одлука за лекување во странство донесовме во рок од 48 часа како што не обврзува Законот, рече Дончев.

Тој додаде дека, иако малата пациентка била во животно загрозувачка состојба, барателот незадоволен од одлуката на Стручната комисија поднел приговор до Второстепена комисија со барање лекувањето да продолжи во германската болница Гисен со која воспоставил личен контакт. Стручните служби во ФЗОМ му излегле во пресрет на барателот при што е направен директоен контакт со лекарот во болницата, кој бил посочен од барателот. Лекарот побарал дополнителни информации за здравстевната соистојба на пациентката, констатирајќи дека се работи за серозно тешка состојба, но официјална формална понуда за цената на чинење на лекувањето во болницата до Фондот не била доставена.

– Понуда никогаш не добивме од болницата во Гисен. Најстрого ги демантираме сите шпекулации во јавноста дека лекувањето во Германија чинело 200.000 евра. Од друга страна прифатената понуда за лекувањето во боилницата Гази Осман Паша, од 145.000 евра и одобрените трошоци за санитетески авион го опфаќаше целокупното време од 150 дена. ФЗОМ има документи за секој чекор од постапката и јавно и транспарентно стоиме на располање. Сите законски процедури беа целосно запазени и почитувани во овој случај, посебно затоа што се работеше за дете со висока итност за лекување и многу тешка здравствена состојба. За жал трагедијата не успеавме да ја избегнеме, рече Дончев.

На новинарско прашање тој кажа дека во овој случај не била избрана наевтината понуда, туку втората по чинење.

– Баравме понуди од голем број клиники, вклучувајчќи ја и германската, но добивме само три поинуди. Во конкретниот случај не беше избрана најевтината цена, вели Дончев.