Пејачот Маринко Роквиќ беше погребан на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија.
Покрај семејството, Маринко на вечно почивање го испратија и голем број пријатели и колеги, а ден по погребот се огласи и најмладиот син Марко.
Тој на Инстаграм ја сподели фотографијата од својот татко и напиша емотивна порака.
-Моите чувства и мисли ќе ги задржам за себе, во длабочините на моето срце. Сакам само да ви се заблагодарам на сите вас кои со денови испраќате поддршка и љубов кон моето семејство и мене. Болката и тагата се големи, но има и гордост и радост бидејќи го имавме.Тој секогаш ќе живее во нас. Марине мој, те сака засекогаш твојот Мачун – рекол Марко а под објавата има коментари во кои корисниците оставаат тажни пораки.
View this post on Instagram
Извор: Курир.рс
Фото: Ана Паунковиќ/Зорана Јевтиќ