Пејачката Адел проговори за разводот, но и за бројните коментари кои ја погодија во врска со брачниот бродолом.
Нејзините обожаватели беа неизмерно среќни поради тоа, мислејќи дека нејзината неуспешна љубов ќе биде инспирација за новиот албум кој со нетрпение го очекуваа. Меѓутоа, подоцна сфатила дека не е толку лошо бидејќи сфатила дека тие едноставно навистина ги сакаат нејзините нови песни.
– Но во реалноста тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивна одговорност како обожавател е да сакаат добра плоча и да се надеваат дека ќе ја снимат. Затоа тие коментари ги земав со прстофат сол и се беше во ред – изјави таа.
За нејзиниот поранешен сопруг, Адел, вели таа, никогаш не се чувствувала смирена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажило.
– Тоа што толку многу луѓе што не ги познавам знае дека не успеав, тоа ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамоти, но се чувствувате како да не сте успеале – објаснила таа за магазинот „Ролинг Стоун“.
Адел и го даде првото големо телевизиско интервју по неколку години на Опра Винфри, на која и ја отвори душата. Во елегантната градина, „кралиците на интервјуата“ зборуваа за нејзиниот повратен албум, љубовта, разводот и животната трансформација. Интервјуто ќе биде емитувано пред двочасовниот специјал на Адел, кој ќе се емитува во САД во недела, на 14 декември.
Иако во еден момент и се сруши целиот свет, Адел успеа да ја пронајде својата љубов, нејзиниот сегашен дечко Рич Пол. Следбениците на Инстаграм и еден обожавател на нејзиниот лик и дело ја откриле оваа врска пред Адел официјално да ја потврди.
На многу мои пријатели на почетокот не им кажав бидејќи сакав да го задржам тоа за себе“, заклучила таа.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Профимедиа