Короната зуи како скачка – заштитата е со мрежи препорачува слушател на Стадион (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 3:41 PM

Короната зуи како скачка – заштитата е со мрежи препорачува слушател на Стадион (видео)

Хумористичен поглед на пандемијата. Поинаку не може да се оцени ставот на слушател на емисијата Стадион, кој споделува свое искуство во опасниот корона вирус.

Слушателот кажува дека го добил вирусот уште во 2014 година, ама тогаш вирусот, како што вели, „не бил толку усовршен“. Ги напаѓа гласните жици, а најопасен ноќе, на спиење, кога напаѓа преку отврените прозорци.

Поради тоа , препорачува слушателот, да се постават мрежи на прозорците.

Слушнете и сами како поединци го доживуваат вирусот, додека за научно докажаните факти, прочитајте на интернет страната на Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.