Иако псоријазата на скалпот е хронично заболување, постојат одредени природни лекови кои може да ја подобрат состојбата на кожата на главaта и да ги намалат непријатните симптоми. Секако постојат многу медицински креми и шампони кои ја ублажуваат состојбата при псоријаза, но природните решенија се многу поефтини и целосно безопасни, па вреди да се пробаат. Денес споделуваме со вас 2 природни третмани кои ги намалуваат симптомите на псоријаза на скалпот.
Псоријазата на скалпот претставува пореметување на имуниот систем кој предизвикува таложење на клетки на површината на кожата. Наталожените клетки формираат густ слој на сребрени или црвеникави „крлушки“ кои може да предизвикуваат и болка. Може да го зафати и пределот на вратот и зад ушите, како и да предизвика чувство на пецкање и јадеж. Покрај тоа, оваа појава не е воопшто пријатна и за гледање, па често доведува до емоционални проблеми кај лицата кои се соочуваат со неа.
Природен третман против псоријаза со банана и јогурт
Состојки:
- 120 грама јогурт
- 1 зрела банана
Начин на подготовка и употреба:
- Бананата испасирајте ја и мешајте ја со јогуртот додека добиете хомогена кремаста паста.
- Раздвојте ја косата по прамени и нанесете од вака подготвената паста на заболените места на скалпот.
- Овој третман повторувајте го најмалку 3 пати во неделата или додека проблемот се намали.
Природен третман против псоријаза со алое вера и маслиново масло
Состојки:
- 6 лажици алое вера
- 3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка и употреба:
- Ставете ги состојките во блендер и блендирајте ги додека добиете хомогена смеса.
- Навлажнете ја косата и внимателно втријте ја смесата во кожата на главата.
- Оставете ја да дејствува околу ½ час, па темелно исплакнете ја косата.
- Оваа постапка повторувајте ја 2 пати во неделата. Благодарение на регенеративните и хидратантни својства овој крем од алое вера и маслиново масло може да ги ублажи симптомите на псоријаза. Со неговата редовна употреба се намалуваат раните и се намалува сувоста и иритацијата на кожата.