Во Германија од утре повторно бесплатни ковид тестови, за докторите поголеми награди за вакцинација – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 12:41 PM

Во Германија од утре повторно бесплатни ковид тестови, за докторите поголеми награди за вакцинација

Германија од утре повторно ќе ги воведе бесплатните тестови за ковид-19, изјави вршителот на должност, министер за здравство, Јенс Шпан. Лекарите од вторник ќе добиваат повисоки додатоци за вакцинација против ковид, објави Шпан.

Тој рече и дека од оваа недела Австрија ќе се смета за зона со висок ризик. Оваа класификација значи дека луѓето кои доаѓаат од Австрија ќе мора да бидат ставени во карантин, освен ако не се ревакцинирани или прележале ковид.

Вчера, за прв пат од почетокот на пандемијата, Германија забележа повеќе од 50.000 случаи на кови-19 во еден ден. Бројките се загрижувачки, бидејќи оваа земја четврти ден по ред руши рекорди според бројот на заболени.

Извор: novosti.rs