„Кога ќе најдеш сродна душа, го чувствуваш тоа“ – По три свршувачки конечно се омажи Парис Хилтон – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/21 9:17 AM

„Кога ќе најдеш сродна душа, го чувствуваш тоа“ – По три свршувачки конечно се омажи Парис Хилтон

Парис Хилтон вчера се омажи за претприемачот Картер Реум. Во февруари оваа година, Парис ја сподели веста за свршувачката со следбениците на Инстаграм, откако парот беше заедно нешто повеќе од една година.

„Мојата засекогаш започнува денес… 11/11“, напиша Парис на Инстаграм.
Неколку дена пред самата венчавка, Парис на Инстаграм објави фотографии и видеа со вереникот како одбројува до церемонијата. Покрај броењето на моментите до свадбата, Парис во исто време ја промовираше и својата нова серија „Парис вљубена“ која се емитува на телевизијата Peacock на денот на свадбата.
Парис блесна во фустан на Оскар де ла Рента, а кога ја објави фотографијата во венчаница, многу следбеници возвратија со честитки во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Во јули оваа година Парис и Картер објавија дека го чекаат своето прво дете, со процес на медисонски потпомигнато оплодување, а неколку месеци претходно објавија дека се вериле.

“Кога ќе ја најдеш својата сродна душа, не само што го знаеш тоа – и го чувствуваш. Мојата љубов и јас сме заедно од нашиот прв состанок, а за мојот роденден тој договори специјално патување во тропски рај. Додека одевме на вечера, Картер ме одведе на место украсено со цвеќиња и клекна на едното колено. Реков „да, да засекогаш“. Нема друг со кого повеќе би сакал да ја поминам вечноста“, напиша тогаш  Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Реум рачно го наслика прстенот за Париз во студиото на Жан Дусет, наследникот на Луј-Франсоа Картие, а таа се пофали на својот канал на Јутјуб со дизајнот.  Двојката е во врска од крајот на 2019 година, а претходно беа пријатели цели 15 години.

Инаку, Хилтон, која е позната по своето развратно однесување,  беше свршена во 2002 година со моделот Џејсон Шо, во 2005 година со Гркот Парис Лацис и во 2018 година со актерот Крис Зилка.

Фото: Инстаграм