Срцето ми отече – Сталоне за малку ќе настрадал на снимањето на „Роки“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 7:23 PM

Срцето ми отече – Сталоне за малку ќе настрадал на снимањето на „Роки“

Додека ја снимаше сцената со тепачка со Долф Лундгрен, кој го играше Иван Драго во филмот, во четвртото продолжение на филмот за Роки, Силвестер Сталоне беше убеден дека нема да преживее.

Филмот беше премиерно прикажан во далечната 1985 година, но дури сега 75-годишниот Сталоне откри детали сè уште непознати за јавноста.

„Првото нешто што го снимивме беше моето влегување, потоа неговото запознавање, а потоа за време на тепачката се здобив со сериозна повреда, поради што итно бев префрлен на интензивна нега од Канада во Калифорнија“, откри Сталоне и додаде:

„Тој само така ме скрши. Во тој момент не го почувствував тоа, но подоцна истата вечер срцето почна да ми отекува. Мојот притисок скокна на 260 и бев сигурен дека ќе почнам да разговарам со ангелите. Следно што се сеќавам дека сум на итен лет со авион кој поради мојот притисок не смее да лета високо. Ме ставија на интензивна нега, а набргу потоа морав да се вратам и да ја завршам борбата“.

Како што откри, поминал четири дена на интензивна нега, по што се вратил на сетот за да ја сними последната сцена од борбата, додавајќи дека силниот удар на Лундгрен во градите завршил во оригиналниот филм.

„Па, не можевме да го извадиме“, заклучи популарниот Роки Балбоа.

Извор: Б92.нет