Реџепи се јави: Јас сум на сигурно место и на вистинската страна – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 6:40 PM

Реџепи се јави: Јас сум на сигурно место и на вистинската страна

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи се огласи преку својот Фејсбук со видео порака до јавноста.

Тој прво се заблагодарува за поддршката и вели дека сигурноста и стабилноста на државата, мирот и благосостојбата на народот, треба да биде да биде најважната работа за сите.

– Сакам да ви се заблагодарам за поддршката. Сигурноста и стабилноста на земјава, мирот и бллагосостојбата на нашиот народ, дефинитивно треба да биде најважната работа за сите. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се загрижени за мене. Јас сум на сигурно место, на вистинската страна сум, со Албанците сум, и со сите граѓани на земјава кои сакаат мир, слобода и демократија, рече Реџепи.

Тој нагласува дека е со ЕУ и НАТО и не е со антиалбански кругови.

– Ова ви го велам со чиста совест и штом ќе поминат некои опасности од закани од страна на одредени индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и се ќе објаснам. Секогаш ќе се залагам за слобода на изразувањето, за слободниот став на носење одлуки, што е доблест на демокраското општество. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија, вели Реџепи во објавата.