Срцето на Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, неговата одлука лежи тука, вели пратеникот Адеми – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 5:35 PM

Срцето на Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, неговата одлука лежи тука, вели пратеникот Адеми

Секако дека пратениците се за една влада, која негува европски и евроатлантски вредности, така што, срцето на господинот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел. Јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука, изјави попладнево пред Собранието, пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми.

Прашан дали имале контакт со пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи, Адеми рече „не“, но не одговори на прашањето „колку пратеници стојат зад владата“.

Претходно, седницата за гласање доверба на Владата беше прекината, поради немање кворум и не можност да се утврди дневниот ред и како што соопшти потпретседателот на Соб*ранието, Фадил Зендели дополнително ќе биде известено во текот на денов кога таа ќе продолжи.

МИА