На 09.11.2021 во Полициската станица Чаир, социјална работничка во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – во својство на времен старател по службена должност, пријавила дека врз нивна штитеничка, 16-годишна малолетничка, била извршена обљуба (родосквернавење) од А.А. (24) инаку нејзин брат и тоа во неговиот дом во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.