Се сомневам дека пратеникот Реџепи ова го прави против своја волја, рече лидерот на Беса, Билал Касами – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 3:01 PM

Се сомневам дека пратеникот Реџепи ова го прави против своја волја, рече лидерот на Беса, Билал Касами

Сакам да ја информирам јавноста дека движењето Беса стои на ставовите дека треба да падне овој режим, а случувањата со пратеникот Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа власт е подготвена на се за да остане во своите фотелји, истакна првиот човек на партијата Беса и нов градоначалник на Тетово, Билал Касами.

– Се додека тој не излезе дека овој став е негов и тоа е доброволно, јас како прв човек на Беса можам да се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание да ја искаже својата политичка позиција. Од вчера не сме контактирале со него – истакна Касами.

Ако се потврди дека ова е негов доброволен став, партијата ќе преземе мерки согласно статутот, но во моментов за  партијата е најважно здравјето на пратеникот Реџепи и комуникацијата со него.