Јаулески вели дека Финансиска полиција упаднала во домот на неговите родители, од таму велат дека не знаеле оти му е татко и се работи за поголем случај – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/21 10:18 AM

Јаулески вели дека Финансиска полиција упаднала во домот на неговите родители, од таму велат дека не знаеле оти му е татко и се работи за поголем случај

На денот кога Собранието треба да гласа недоверба на Владата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески,  на својот фејсбук профил соопшти дека во неговиот дом влегла финансова полиција и прави претрес.

„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“ – напиша Јаулески.

Подоцна пратеникот во изјава за „Телма“, вели дека упадот се случил во домот на неговите родители, а Финансиска вршела претрес за истражна постапка за фирмата во која работи неговиот татко, односно ЕВН.

За неговата партија упадот на Финансиската полиција во домот на Јаулески баш на овој ден, докажува дека како што велат, режимот на Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

„Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени“ – стои во реакцијата од партијата.

Од Финансиска полиција пак демантираат оти упаднале во домот на Јаулески. Велат дека не знаеле оти се работи за домот на таткото на пратеникот и бараат да не се злоупотребува за полициски цели.

„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје.“ – истакнуваат од Управата во пишано соопштение до медиумите.

 

фото:фб