ИД ја презеде одговорноста за нападот со нож во Париз во кој загинаа две лица – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/18 11:42 AM

ИД ја презеде одговорноста за нападот со нож во Париз во кој загинаа две лица

Терористичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот со нож денеска во предградие на Париз.

Во соопштение објавено од новинската агенција на терористичката група, Амак, е наведено дека напаѓачот е „борец на ИД”.

Две лица загинаа во нападот во предградието Трап, а еден е сериозно повреден, соопшти париската полиција.

Двајцата загинати во нападот се мајката и сестрата на напаѓачот, информира полициски претставник во изјава за локални медиуми.

Првично беше соопштено дека во нападот загина едно лице, а двајца се потешко повредени, но подоцна од полицијата беше соопштено за двајца загинати и еден ранет.