Никогаш нема да се омажам, хартијата само ја расипува среќата – Цеца искрено прозборе за бракот – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/21 8:51 PM

Никогаш нема да се омажам, хартијата само ја расипува среќата – Цеца искрено прозборе за бракот

Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе подолго време е во хармонична врска со Богдан Срејовиќ со кого ужива во љубовта и во секој заеднички момент.

Како што нивната љубов трае и станува се посилна, многумина се прашуваат дали пејачката повторно ќе стапне на „лудиот камен“, а таа сега ги изненади сите со својот одговор.

– Никогаш, со што би се омажила? Хартијата само ја расипува среќата. Веќе се омажив, видов дека може да биде одлично, убаво, фантастично, сега хартијата не ми значи апсолутно ништо и сакам да се забавувам – изјави Цеца во емисијата „Гранд њуз“.

Цеца во оваа прилика откри и дека синот Вељко често ја советува за изборот на облека за емисии, како и дека таа најчесто носи кратки здолништа по негово барање.

– По наговор на син ми, вели: „Многу ме нервира кога ќе се облечеш во тие кошули, жено облечи мини здолниште, облечи се како што се облекуваше, што си закопчал до грло – рекла пејачката со смеење.

Извор: Србијаданас.ком