Откако вчера Владата прогласи кризна состојба во енергетската сектор, членките на Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираа своето членство и ја поддржа иницијативата, според која, сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена
„Со овој чекор, банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите“, велат од МБА.
Со колективни едукативни акции од овој вид, посочуваат, може долгорочно позитивно да се влијае врз предизвиците со кои се соочуваме глобално, како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.
Објавено на: 11/10/21 1:17 PM